Еурофарм Пелистер го запиша вториот пораз во Европската лига, втор на домашен терен. Фуксе Берлин ја оправда фаворитската улога, од Битола си замина со убедлива победа од 34-43.
Еурофарм Пелистер - Фуксе Берлин 34-43 (14-22)
Еурофарм Пелистер претрпе втор пораз во групата на Лига Европа на ЕХФ, откако македонскиот вицепрвак загуби на домашен терен од Фуксе Берлин со убедливи 34-43. Битолчани играа сериозно ослабени поради неиграњето на Хосни и Суси, а проблем повеќе за тренерот Валтер е повредата што во второто полувреме ја заработи Руди Сери.
Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија се оддржа извлекување на паровите од првото елиминационо коло на Купот на Македонија.
Двата битолски клуба добија противници од Првата лига и ќе играат на домашен терен.
Еурофарм Пелистер продолжува со натпреварите во Лигата на Европа, а следен предизвик е бундеслигашот Фуксе Берлин. Пивотменот Жарко Пешевски, вели дека може да ја израдуваат битолската публика ако се спојат сите коцки.
Во вторник со почеток од 18:45 часот екипата на Еурофарм Пелистер ќе го игра својот трет натпревар сезонава во групната фаза на Европската лига. Следен ривал на македонскиот вицешампион во салата „Боро Чурлевски“ – Битола ќе биде Фуксе Берлин од Германија.
Еурофарм Пелистер 2 – Голден Арт 25-21 (13-10)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 беа доминантни против Голден Арт (25-21) и ја запишаа шестата победа во групата Б на ракометната Суперлига на Македонија. На двете страни беа забележани по неколку грешки и само два гола по осум минути игра за водство на Голден Арт од 2-0, по што нападите на двете екипи влегоа во форма и набрзо Пелистер 2 стигна до пресврт (6-5), а предноста до паузата ја зголеми на 13-10.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Февруари 07, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 20, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 14, 2026 by RK Eurofarm Pelister