РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека денес врз ракометарот Мохамед Суси успешно беше извршен зафат на коленото. Овој зафат беше неопходен за левиот бек да ги отстрани проблемите со повредата која ја влече подолг период. Оперативниот зафат во родниот Тунис мина во најдобар ред и наскоро Суси ќе го започне рехабилитациониот период.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди официјалните лица за натпреварите од третото коло на Европската лига. По тринеделна пауза продолжуваат дуелите од машките евро-купови, а во вторник попладне во Битола доаѓа бундеслигашот Фуксе Берлин.
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 36-27 (20-13)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер триумфираа со 36-27 (20-13) во дуелот со „помладиот брат“, Еурофарм Пелистер 2 во рамки на 10. коло од групата Б во ракометната Суперлига. Пелистерци го најавија својот триумф уште во првото полувреме, кога создаде предност од девет голови разлика (14-5), а на паузата замина со сигурно водство од 20-13.
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го соопшти поширокиот список за Светското првенство во Полска и Шведска. На списокот се повикани ракометарите на Еурофарм Пелисгер: Марко Кизиќ, Мартин Велковски, Ненад Костески, Жарко Пешевски, Гоце Ојлески, Павле Атанасијевиќ, Емилијан Ѓорговски, Цветан Кузманоски и Марио Танкоски и ракометарот на Еурофарм Пелистер 2, Петар Атанасијевиќ.
РК Еурофарм Пелистер го започнува процесот на акредитирање на медиуми и медиумски работници за натпреварот од првото коло на групата Д на ЕХФ Лига Европа меѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин (22 ноември - 18:45 часот)
Еурофарм Пелистер 2 – Пролет 23-25 (9-14)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го претрпе вториот пораз во серија во групата Б на Суперлигата, откако во Битола загуби од Пролет со 23-25 (9-14). Дуелот го следеа 500 гледачи и видоа до крај драматичн и неизвесен дуел.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Декември 18, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Декември 17, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Декември 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister