Еурофарм Пелистер го претрпе и вториот пораз на третиот натпревар во Европската лига на ЕХФ, откако вечерва не беа доволни само добри петнаесет минути на гостувањето во Германија.
Средниот бек Миха Котар кој изминатото лето пристигна во нашиот клуб од екипата на РК Партизан, сезоната 2026/27 ќе ја помине како позајмен играч во црногорската екипата РК Будванска ривиера.
Ракометарите на Младост 1977 и Еурофарм Пелистер 2 одиграа нерешен резултат (30-30) во натпреварот од шестото коло на Суперлигата на Македонија.
Натпреварот тргна израмнето, домашните поведоа со два гола предност (3-1), а иако ривалот пријде на 5-4 следуваа два гола за Младост за „плус три“. Продолжи подобрата игра на домашните ракометари, па со два врзани гола стигнаа до 9-5. Гостинот постигна еден, а потоа Младост со три во низа стигна на максимални „плус шест“ (12-6). До полувремето пелистерци намалија до 14-11, резултат со кој се замина на одморот.
Еурофарм Пелистер ја оправда фаворитската улога и славеше над МРК Куманово со 36-23 (19-11) во дуелот од шестото коло во Суперлигата. Тимот што го предводи Лино Червар одигра колку што му беше потребно за да дојде до посакуваниот резултат и петтата победа во шампионатот со што во моментов е на првото место на табелата.
Еурофарм Пелистер беше на чекор до првата победа во Европската лига на ЕХФ, но избраниците на Лино Червар ја упропастија извонредната партија во завршницата и малку фалеше да останат со празни раце во дуелот со Вибржеже (31-31).
Еурофарм Пелистер 2 им се врати на победите во ракометната Суперлига, откако на домашен терен во Битола го совлада Куманово со 36-30. Битолчани имаа контрола врз резултатот во најголемиот дел од првото полувреме. Куманово само во два наврати успеваше да поведе, додека домаќинот во финишот стигна и до највисоките четири гола предност (16-12). Сепак, наместо мирно да го приведат полувремето до крај, избраниците на Бранислав Ангеловски дозволија гостите да возвратат со серија од 3-0, па на паузата се замина со минимални 16-15.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Октомври 14, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Октомври 11, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Октомври 11, 2026 by RK Eurofarm Pelister