Еурофарм Пелистер 2 – Аеродром 38-40 (19-23)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го претрпеа четвртиот пораз во пет натпревари во групата А на Суперлигата. Екипата на Михаил Петровски попладнево во Битола загуби од новиот суперлигаш Аеродром со 38-40 (19-23).
Еурофарм Пелистер – Бутел Скопје 37-19 (17-12)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа убедлива победа од 37-19 над скопски Бутел, во дуелот од петтото коло. Шампионот на Македонија победата ја најави уште во првото полувреме, после кое имаше предност од 17-12, а таа предност постојано се зголемуваше и во вториот дел се до конечните +18.
По двонеделна пауза се враќа на сцена Лигата на шампионите и наппреварите од групниот сегмент.
Отворен е процесот за акредитирање на медиумите и медиумите работници за натпреварот од шестото коло на групата А на ЕХФ Лигата на шампионите меѓу Еурофарм Пелистер и Киелце (25 октомври - 20:45 часот). Процесот за акредитирање важи за печатените медиуми според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.
Охрид – Еурофарм Пелистер 24-22 (10-12)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 одиграа одличен натпревар на гостувањето кај засилениот Охрид. Иако цело прво полувреме битолчани водеа и со 4-5 разлика, сепак Охрид во вториот дел го сврте резултатот и стигна до победата. Пелистерци долго играа со ракометар помалку и не стигнаа да го комплетираат сензацијата.
Вардар Неготино – Еурофарм Пелистер 17-32 (8-13)
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ја забележа третата победа во Супер лигата, откако славеше на гостински терен кај Вардар Неготино со 17-32. Битолчани нанижаа неколку победи за зголемена самодоверба пред продолжението на сезоната во Суперлигата и Лигата на шампионите.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Февруари 07, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 20, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 14, 2026 by RK Eurofarm Pelister