Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 27-21 (10-10)
Актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер го доби дербито против Вардар 1961 со 27-21 во првиот меч од вториот дел од сезоната во ракометната Суперлига.
Првиот дел беше крајно неизвесен, Вардар 1961 најчесто водеше, но Пелистер враќаше, на одморот се замина со нерешени 10-10. Во второто полувреме при водство на Вардар од 12-11, гостите застанаа, а Пелистер имаше свое шоу, направи серија од 8-1 и поведе со 19-14. До крајот на мечот битолскиот тим влезе во мирен и рутински финиш стигнувајќи до конечни 27-21.
РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека нов член на нашиот клуб е полскиот кружен напаѓач Матеуж Пиеховски. Повремениот полски репрезентативец, кружен напаѓач и ракометар со големо искуство низ европските лиги веќе е во Битола и му се става на располагање на стручниот штаб.
Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварот од 11. коло на групата А на Лигата на шампионите на ЕХФ меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ. Дуелот на прваците на Македонија и Франција ќе го водат Чесите, Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни. Се работи за искусен судиски пар, кој високо котира во европските ракометни кулоари.
Отворен е процесот за акредитирање на медиумите и медиумите работници за натпреварот од единаесеттото коло на групата А на ЕХФ Лигата на шампионите меѓу Еурофарм Пелистер и Пари Сен Жермен (14 февруари – 18:45 часот). Процесот за акредитирање важи за печатените медиуми според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.
Отворен е процесот за акредитирање на медиумите и медиумите работници за натпреварите на Еурофарм Пелистер на домашен терен од плеј-офот на Суперлигата за сезоната 2023/25. Процесот за акредитирање важи за печатените, електронските и дигиталалните медиуми. Медиумите своите барања за акредитации треба да ги испратат директно на клубот на овој мејл - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. три работни дена пред почетокот на натпреварот.
Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ги информира своите симпатизери, навивачи и љубители на ракометот дека од понеделник (5 февруари 2024 година) во 12:00 часот започнува продажбата на поединечните билети за натпреварот од првото коло на плеј-офот на Суперлигата меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961. Натпреварот ќе се одигра в сабота (10 февруари 2024 година) во 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Февруари 07, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 20, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 14, 2026 by RK Eurofarm Pelister