Еурофарм Пелистер без проблеми запиша победа над Радовиш во првенствениот меч од 20. коло во Суперлигата. И со комбиниран тим актуелниот шампион не виде мака со Радовиш кого го надигра со 39-24. Битолчани одиграа колку што им беше доволно против фенерџијата во шампионатот, средба во која двете полувремиња ги добија со 21-14 и 18-10.
Еурофарм Пелистер 2 продолжува со одличните настапи во прволигашката конкуренција, а денес нова жртва на битолскиот тим беше Јехона. Избраниците на Александар Зарков на гостувањето во Гостивар славеа со 24-40, а победата ја обезбедија уште во првото полувреме кое го добија со плус 10-21.
Актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер претрпе пораз од Фуксе Берлин од 39-29 во натпреварот од 13. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Бундеслигашот важеше за апсолутен фаворит на ова соочување на кое му беа потребни бод/бодови на Пелистер за да останат во игра за место во нокаут фазата, но домаќинот не дозволи никакво изненадување и забележа сигурен триумф од десет разлика.
Еурофарм Пелистер не успеа да приреди изненадување во Лигата на шампионите, загуби убедливо со 39-29 од Фуксе Берлин и мечот против ПСЖ во последното коло ќе биде само формалност. Македонскиот шампион требаше да остане непоразен на тешкото гостување кај Фуксе Берлин за до последното коло да ги задржи шансите за место во следната фаза од Лигата на шампионите, но тоа не се случи.
Ден по натпреварот против Алкалоид, ракометарите на Еурофарм Пелистер добија слободен ден, а стручниот штаб веднаш започна со подготовка на следниот натпревар. Пред заминувањето за Германија и натпреварот против Фуксе Берлин пред новинарите зборуваа тренерот Раул Алонсо и бекот Павле Атанасијевиќ.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер издвојуваа голема победа над Алкалоид (33-20) во дерби натпреварот од 19. коло во Суперлигата. Бранителот на трофејот беше супер-мотивиран, расположен за игра и му одржа лекција на ривалот од Автокоманда од кого го загуби првиот меч во шампионатот. Меѓутоа вечерва воден од верната битолска публика, Еурофарм Пелистер беше нерешлива енегма за избраниците на Кире Лазаров и дојде до триумфот кој го посакуваше, триумф со кој го презема првото место на табелата.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јуни 06, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 01, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 01, 2026 by RK Eurofarm Pelister