Радовиш - Еурофарм Работник 25-43 (11-21)
Лидерот на табелата во Суперлигата, Еурофарм Работник, забележа лесна и убедлива победа на гостувањето против Радовиш со 25-43, во заостанатиот натпревар во македонската Супер лига. Овој дуел беше поместен заради настапот во третото коло на ЕХФ Купот меѓу Еурофарм Работник и Берн.
По ремито со Пелистер, лидерот Еурофарм Работник им се врати на победите во Суперлигата. Вечерва во Битола падна Пролет, кој го доживеа најтешкиот пораз во шампионатот досега. Не само резултатски, туку од секој аспект беа надиграни скопските ракометари.
По ждрепката за групната фаза на ЕХФ Купот, компјутерот го исфрли каландарот на натпревари на единствениот македонски претставник, Еурофарм Работник.
Еурофарм Работник во ЕХФ Купот ќе игра во групата Б со Хановер, Татабања и со Нексе - oва е епилогот денешната ждрепка во Виена.
Клубот кој дава најмногу македонски репрезентативци, битолски Еурофарм Работник в четврток ќе се најде третиот барабан за ждрепката за групната фаза од ЕХФ Купот, која ќе се одржи на 29 ноември во 11:00 часот во седиштето на Европската ракометна федерација.
Еурофарм Работник во дебитантската сезона на меѓународна ракометна сцена се пласира во групната фаза од ЕХФ Купот. Битолскиот состав е поуспешен во двомечот од третото квалификациско коло од швајцарскиот Берн откако денеска во возвратниот натпревар победи со 28-30 и ја надополни сигурната и висока победа од 10 гола разлика од мечот во Битола минатиот викенд.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јуни 06, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 01, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 01, 2026 by RK Eurofarm Pelister