Ракометниот клуб Еурофарм Работник го продолжува екипирањето за следната сезона. Клубот од Битола денес го официјализираше трансферот на Анже Ратајац, словенечки среден бек, кој доаѓа од Ферлах во австрискиот ракометен шампионат.
Македонскиот вицешампион Еурофарм Работник аплицираше за „вајлд карта“ во Лигата на шампионите и се надева дека ЕХФ ќе излезе во пресрет и на 25 јуни во Виена ќе одлучи позитивно на барањето на битолскиот клуб. Конкуренцијата за покана за учество во Лигата на шампионите е огромна и нема да биде лесно да се добие довербата на Европската куќа на ракометот.
Ракометниот клуб Еурофарм Работник продолжува да се засилува за следната сезона 2019/20. Вицешампионот на Македонија денес договори уште еден репрезенттаивец, откако потпиша четиригодишен договор со Мартин Велковски.
Селекторот на Македонската сениорска репрезентација Данило Брестовац го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари против репрезентациите на Турција и Грција за пласман на ЕП 2020 година.
Ракометарите на РК Вардар повторно ја израдува нацијата. Вардар е европски првак во ракомет и тоа во година во која имаше турбуленции и никој тоа не го очекуваше. Во финалето во Келн, вардарци го совладаа Веспрем со 27-24 (16-11) и вторпат се европски шампиони.
Им ја честитаме Победата на шампионите! Браво РК Вардар.
Македонскотo репрезентативнo крило Бојан Маџовски е најновото засилување на екипата на Еурофарм Работник. Toј потпиша договор на три сезони и е второ засилување на клубот оваа сезона по Никола Митревски. Маџовски доаѓа од Металург, а има искуство од настапи и во Битола, бидејќи го носеше дресот и на Пелистер.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јуни 06, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 01, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 01, 2026 by RK Eurofarm Pelister