Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац ги одбра ракометарите кои ќе патуваат во Египет на настап на Светското првенство. Брестовац ќе поведе 20 ракометари за настап на Мундијалот, ќе бидеме без Дејан Манасков, Борко Ристовски и Гоце Георгиевски, но со Кире Лазаров и Стојанче Стоилов од искусните. Еурофарм Пелистер со пет ракометари е најброен во националниот тим. Повикани се Костески, Танкоски, Велковски и Маркоски од Еурофарм Пелистер и Кузманоски од Еурофарм Пелистер 2.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2, стручниот штаб и менаџментот на клубот со хуман гест ги израдуваа децата без родители во Центарот за социјални грижи во Битола. Имено, ракометарите донираа дел од премијата за пласман во плеј-офот на Суперлигата, како и производи од компанијата Еурофарм, неопходни за најмладите.
Некогашниот тренер на Пелистер и селектор на женската репрезентација на Македонија, Богдан Маковеј, почина на 67-годишна возраст во Романија.
Кога во август се собра екипата на првиот тренинг со новиот стручњак на кормилото, Александар Јовиќ, ракометарите на Еурофарм Пелистер зацртаа како цел пласман во плеј-офот. Не се поколебаа и по извлекувањето на посилната група Б, а покажаа карактер и со победите во Кавадарци и Прилеп и на домашен терен против Металург се изборија за место меѓу осумте најдобри екипи во лигата.
Нешто повеќе од две недели од последниот официјален натпревар во групата Б на Суперлигата и победата во Прилеп за заверка на плеј-офот, Еурофарм Пелистер 2 повторно е во тренажен процес. Со работен состанок и прв тренинг, предводникот Александар Јовиќ и неговиот стручен тим ја отворија ракометната 2021 година за најмладиот тим во разигрувањето.
Само две недели траеше паузата за ракометарите на Еурофарм Пелистер 2. Најмладиот учесник во плеј-офот на Суперлигата денес им се врати на работните обврски и тренерот Александар Јовиќ прозиваше во спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јуни 06, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 01, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 01, 2026 by RK Eurofarm Pelister