b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_11_635A7405.jpg

Првакот Еурофарм Пелистер има причини за задоволство. Го победи Прилеп и пак на теренот се вратија повредените Хаидарирад и Ристевски, Битолчани славеа убедливо на гостувањето кај Прилеп со 25-40 (12-21), во натпреварот од десеттото коло на Суперлигата.

Почетокот беше израмнет, домашните први поведоа, ама реакцијата беше брза и гостите стигнаа до 2-4. На тоа домаќинот имаше одговор, со 3-0 успеа пак да поведе со 5-4, ама тоа беше последна предност. Пелистерци се консолидираа, го презедоа приматот и до полувремето предноста почна да расте. Со три мини-серии од по 0-3 битолчани се одлепија, па на одмор се замина со 12-21.

На отворањето на вториот дел првпат беше пробиена двоцифрената маргина (12-22). Прилепчани успеаја да парираат уште десетина минути, најблизу пријдоа на „минус шест“ (17-23) по серија од 4-0, ама тоа беше сè. Пелистерци се наметнаа, влегоа во посакуван ритам и до крајот рутински го решија мечот во своја корист. На крајот шампионот победи со високи петнаесет разлика.

Ракомет
Суперлига 2025/26
10. коло

Прилеп - Еурофарм Пелистер 25-40 (12-21)

Спортска сала „Ристе Ристески - Ричко“ - Прилеп
Гледачи: 500
Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски

Прилеп:
Ангелевски 1, Тренчевски 2, Кастратовиќ 3, Рајатовски 2, Ристевски, Адамчевски, Антонио Крстески 1, Ангел Крстески 7, Ивчевски, Илиески, Димитриоски 3, Шабановиќ, Квастек 2, Лековиќ 3, Столески, Соколески 1
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 4 минути

Еурофарм Пелистер:
Хаидарирад 1, Мацанковски, Манасков 3, Цехте 4, Видомски 3, Тајник, Калид Валид 2, Радивојевиќ 3, Кузмановски 3, Абутовиќ 1, Калајџиовски 6, Пет. Атанасијевиќ 7, Пешевски 2, Хосни 1, Пав. Атанасијевиќ 4
Седмерци: 1/1
Исклучувања: /

Петар Атанасијевиќ со седум и Мирче Калајџиовски со шест гола беа најефикасни кај Еурофарм Пелистер. В сабота од 17:00 часот тимот на Рубен Гарабаја го пречекува Куманово во единаесеттото коло.

sponzori 2026 2027

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723